Претседателот на Баерн откри: Фудбалерите бараа Ковач да си оди

Фото: EPA-EFE/ULRICH HUFNAGEL

Нико Ковач минатата недела доби отказ од тренерската функција во Баерн Минхен, а претседателот на тимот, Ули Хенес, потврди за телевизијата ЗДФ дека за ваквата одлука голем удел имаа и фудбалерите.

– Сигурно е дека постоеја некои струи во екипата кои посакуваа заминување на Ковач. Затоа реагираше управата. Најголемиот притисок доаѓаше од екипата. Јас сум заговорник за здрава дискусија и комуникација, играчите имаат право да го искажат своето мислење, но одлуките ги носи раководството на Баерн – изјави Хенес.

twitter.com/Bundesliga_EN

Хенес со овие зборови ги потврди шпекулациите кои подолго време кружат дека фудбалерите редовно доаѓаат во кабинетот на претседателот и се жалат на тренерите.

– Во Баерн најголемиот проблем е притисокот, не само оној кој го создаваат медиумите, туку и во екипата. Го знам ова уште од времето кога играв во Баерн, а изгледа и денеска ништо не е сменето. Фудбалерите имаат пристап кај Хенес и Румениге и вие доколку се тренер веднаш имате проблем, бидејќи играчите кај челниците одат само за да се жалат.

Тоа е најголемиот проблем во Баерн и доколку ја немаш поддршката од Хенес и од Румениге како тренер, тогаш немаш шанси и деновите на клупата ти се избројани – изјави минатата година, Маркус Бабел, поранешниот дефанзивец на баварците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот