Претседателот на Азербејџан го распушти парламентот и закажа предвремени избори

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, денеска го распушти парламентот и закажа предвремени парламентарни избори за 9 февруари 2020 година.

Распуштањето на парламентот следеше откако во понеделникот пратениците го побараа овој чекор како одговор на оставката на премиерот Новрус Мамадов, која му беше поднесена уште во октомври.

Редовните парламентарни избори беа предвидени за ноември 2020 година.

Претседателот Алиев го има поголемиот дел од власта во Азербејџан, каде парламентот има ограничена улога во политичкиот систем на земјата.

Алиев е на власт од 2003 година, а во арпил 2018 година повторно беше избран за шеф на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот