Претседателот и првата дама присуствуваа на 47. издание на „Галичка свадба”

Претседателот на државата Стево Пендаровски, заедно со сопругата, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваа на 47. издание на манифестацијата „Галичка свадба”, што се одржува под негово покровителство.

 

За време на викендот, беа одржани  традиционалните свадбарски обичаи и адети кои изобилуваат со автентични носии, изворни песни и ора, карактеристични за мијачкиот фолклор.

 

Честитајќи го склучувањето на бракот на годинашните младенци, Катерина Илиевска и Филип Бундовски, кој е по потекло од Галичник, како што соопштија од Кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска им подарија „галичка пафта” со мотив од галичка носија и им посакаа долговечен и хармоничен заеднички живот исполнет со многу љубов, здравје и среќа.

 

Манифестацијата „Галичка свадба” со своето опстојување придонесува да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочуваат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија изработена со филигрантска прецизност и точност на терзиите.

 

 

Oфицијалниот почеток на годинешната Галичка свадба беше означен вчера со поставување на свадбарското знаме и симболичниот чин на „фрлање три пушки” од куќата на зетот, a свеченоста заврши денеска со испраќањето на тајфата Мајовци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот