Претседателката на Тајван најави продолжување на воените реформи

epa08548858 Taiwanese President Tsai Ing-wen (C) walks with officials after attending the 36th Han Kuang (Chinese Glory) military exercise in Taichung, Taiwan, 16 July 2020. The live-fire exercise simulates a response to enemy attacks on major targets in Taiwan. EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Тајван во понеделникот почна еднонеделен сет на воени вежби, вклучително и вежби со боева муниција во сценарио за одбрана од инвазивни напади.

Претседателката на Тајван  Цаи Инг-лин вети дека ќе продолжи со воените реформи по завршувањето на еднонеделниот сет воени вежби кои симулираат инвазија на земјата во услови на тензии со Кина, јави германската агенција ДПА.

– Само затоа што офицерите и војниците во нашите вооружени сили се на своите места, ние можеме да уживаме во демократија и слобода, рече претседателката рано изутринава, за време на воената вежба на плажата Џианан, северно од меѓународното пристаниште Таичунг.

Цаи вети формирање на заеднички баталјони, кои исто така беа вклучени во симулираната вежба за одбрана, која се бори против, наверојатно, кинеската инвазија.

– Националната безбедност никогаш не била добиена со паѓање на колена, додаде таа, предупредувајќи ги 23 милиони граѓани на Тајван дека нивната безбедност „зависи од најцврстата одбрана”.

Тајван во понеделникот почна еднонеделен сет на воени вежби, вклучително и вежби со боева муниција во сценарио за одбрана од инвазивни напади. Вежбите се одвиваат во време на тензии околу потезите од Кина, вклучително и наметнување закон за национална безбедност на Хонгконг и серија упади од страна на воените авиони на Пекинг во воздушниот простор на Тајван

Главниот настан се  одвива денеска и е сценарио за одбрана каде комбинираната копнена, воздушна и морска сила ќе се соочат со наводен непријателски обид за напад на брегот на островот, во округот Џианан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот