Претседателката на норвешкиот парламент си поднесе оставка

Парламентот на Норвешка
Парламентот на Норвешка / Фото: EPA-EFE/Torstein Boe

Претседателката на норвешкиот парламент Ева Кристин Хансен синоќа поднесе оставка откако беше откриено дека парламентот и плаќал за стан во Осло, иако таа со години има куќа со својот сопруг во близина на главниот град.

Хансен (48) изјави за норвешката телевизија NRK дека смета дека е неодржливо парламентот да има претседател кој е под истрага на полицијата. Таа се најде под лупа откако беше откриено дека можеби има пратенички стан на располагање во главниот град, иако има куќа во близина на Осло.

Сепак, таа е пријавена дека живее во Тромсо, поради што има право на стан во главниот град.

Хансен вели дека погрешно ги протолкувала правилата, што изгледа им се случило на уште неколку норвешки политичари, пренесува ВГ.но.

Во септември, министерот за семејство Кјел Инголф Ропстад поднесе оставка откако дозна дека е регистриран на адреса кај неговите родители иако живее со семејството во Осло.

Обвинителството соопшти синоќа дека уште шест пратеници се под истрага за слични проблеми со престојот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот