Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Претседателката на Косово пристигнува во посета на Бугарија

Претседателката на Косово, Вјоса Османи на покана на бугарскиот колега Румен Радев пристигнува во официјална посета на Бугарија, соопшти неговата прес-служба. Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата претседатели ќе разговараат за теми од билатералната и регионалната агенда, како и за европската перспектива на Косово. Ќе бидат разгледани можностите за зајакнување на соработката во сферите на економијата, инвестициите, енергетиката, транспортот, туризмот, образованието, науката и културата.
Двајцата претседатели ќе одржат средба „четири очи”, по што ќе има разговори меѓу официјалните делегации на Бугарија и Косово. На претседателката на Република Косово ќе и биде врачен почесен орден за бугарски воен персонал кој учествувал во мисијата на меѓународните безбедносни сили на Косово КФОР.
Потоа изјави ќе дадат претседателите на Бугарија и на Косово
Вјоса Османи ќе одржи предавање на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски” на тема: „Стратешки компас на Југоисточна Европа: Стабилизирање на мирот и просперитетот преку евроатлантските интеграции”.
Таа ќе има средби со претседавачот на 48. Народно собрание на Бугарија, Вежди Рашидов, како и со градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова. Бугарија заедно со Унгарија и Хрватска на 20 март 2008 година го признаа Косово.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5