Претседателката на ДКСК објаснува зошто на државните антикорупционери им се неопходни дипломатски пасоши
„Дипломатскиот пасош не е привилегија, тое е право кое единствено служи за извршување на службената должност“, рече претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, во интервју за „360 степени“.
На прашањето зошто нејзе и на членовите на Антикорупциска им се неопходни дипломатски пасоши, Димитровска рече:
„Уште еднаш ќе кажам дека дипломатскиот пасош не е привилегија, тое е право кое единствено служи за извршување на службената должност. Пасошот е одобрен согласно законот за патни исправи. Одземање или одобрување на иститот е право на Министерство за надворешни работи и надворешна трговија. Повторно ќе кажам, имање или немање дипломатски пасош не е клучно прашање како и прашањето за службените возила. Тука прашањето е како ДКСК работи во заштита на јавните добра од корупција и борба со истите, односно да ги заштитиме парите на нас, граѓаните.“
Димитровска не одговори директно на прашањето дали без дипломатски пасош не би можел да ја извршуваат оваа мисија:
„Сметам дека дадов доволно аргументи за користење на оваа патна исправа. Не е привилегија, туку е право. Доколку институцијата Министерство за надворешни работи цени дека нема потреба да го имаме, слободно може истиот да го одземе“.