Претседатели на НАТО-членки: Никогаш нема да ја признаеме руската анексија на делови од Украина

нато самит мадрид групна слободен печат
„Фамилијарна“ фотографија на НАТО самитот во Мадрид / 2022 / EPA-EFE/JuanJo Martin

Претседателите на НАТО земји-членки од Централна и Источна Европа со заедничка изјава во врска со одлуката на Русија за нелегално анектирање на украински територии нагласија дека никогаш нема да  го прифатат тоа.

– Ние, претседателите од Централна и Источна Европа, од земји чиишто лидери го посетуваа Киев за време на војната и лично беа сведоци на последиците од руската агресија, не можеме да молчиме пред фрапантното прекршување на меѓународното право од страна на Руската Федерација и во таа насока ја даваме следнава изјава: Повторно ја изразуваме нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме руските обиди за анектирање на која било украинска територија. Цврсто стоиме на одлуката од НАТО Самитот во 2008 година во Букурешт за членството на Украина во иднина. Даваме целосна поддршка на Украина во својата одбрана од руската инвазија, бараме од Русија веднаш да се повлече од сите окупирани територии и ги охрабруваме сите сојузници значително да ја зголемат воената помош кон Украина. Секој што ќе изврши чин на агресија мора да сноси одговорност и да биде изведен пред правдата – се вели во заедничката изјава потпишана од:

Милош Земан, претседател на Чешката Република
Алар Карис, претседател на Република Естонија
Егилс Левиц, претседател на Република Латвија
Гитанас Науседа, претседател на Република Литванија
Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија
Мило Ѓукановиќ, претседател на Република Црна Гора
Анджеј Дуда, претседател на Република Полска
Клаус Јоханис, претседател на Романија
Зузана Чапутова, претседателка на Словачката Република

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот