Фото: илустрација / МВР

Претреси во Поречко, пронајдени и одземени ловечки пушки

Полицијата одзеде ловечки пушки и муниција во претреси во поречкото село Горно Битушје.

„Вчера во с.Горно Ботушје, општина Македонски Брод, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола извршиле претрес во домот на З.В.(55) во с.Горно Ботушје, при што пронашле и одзеле ловечка пушка и 35 патрони за пушката. Истиот ден, исто така со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Н.Ц.(56) од с.Горно Ботушје, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка и 14 патрони за пушката“, информираат МВР.

По документирање на настаните, против лицата ќе следуваат соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот