Претреси во куќи и банки во истрагата за даночно затајување во Германија

Властите во Германија денеска претресуваа куќи и банки низ целата држава во истрагата за даночно затајување, иницирана од Дојче банк.

Претресени се 11 финансиски канцеларии во Бон, Келн, Дизелдорф, Франкфурт и други градови, изјавија обвинителите.

Тие не ги именуваа банките, но истакнаа дека меѓу нив има и некои локални штедилници, посочувајќи дека Дојче банк не е единствената институција, објави „Њујорк тајмс“.

Дојче банк, каде што германската полиција упадна во ноември поради можно даночно затајување, соопшти дека нејзините канцеларии денеска не се пребарани.

– Истрагите не беа насочени против Дојче банк – се наведува во соопштението, во кое се додава дека банката соработува со Јавното обвинителство и доброволно ги отстапува сите потребни документи.

Во соопштението се додава дека денешните претреси беа насочени на осум поединци, четири даночни советници и шест компании за управување со имот.

Луѓето се осомничени за криење на капиталните добивки од германските даночни власти, користејќи оф-шор компании со помош на големи германски банки на британските Девствени Острови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот