Претреси во Делчево – група малолетници фалсификувала пари

На 25.11.2020 од страна на А.К. од Пехчево околу 19.30 часот е пријавено кривично дело „фалсификување на пари“ од чл.268 од КЗ. Имено А.К. , продавачка во продавница пријавила дека во продавницата влегло машко лице и побарало една кутија цигари, но бидејќи немал денари, платил со банкнота од 50 евра.

Подоцна А.К. се посомневала дека банкнотата е фалсификат и случајот го пријавила во полициска станица. Од страна на ОВР Берово, по овластување на ОЈО Кочани, е извршен увид во продавницата и извршени се оперативни проверки, од кои е дојдено до сознание дека можен сторител е малолетник (17) од Делчево, а биле инволвирани и други лица.

На 26.11.2020 полициски службеници од ОВР Делчево извршиле претрес на три локации во Делчево и извршен е разговор со четири лица. Претрес е извршен кај С.М. (19) и во домови на двајца малолетници (17) и (16) од Делчево.

Од извршените претреси одземени се лаптоп, три мобилни телефони и испечатани разни банкноти. Потоа во полициска станица извршен е разговор со уште еден малолетник (16) од Делчево.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот