Претреси кај две лица во Кавадарци, пронајдена дрога

Македонска полиција / Фото: МИА

Претреси биле извршени кај две лица во Кавадарци, пронајдена била дрога, попладнево преку соопштение информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Вчера   во   15.30  часот   во Кавадарци,  полициски  службеници   од   СВР Велес   извршиле преглед над Д.Б.(21) од  Кавадарци, при што кај него биле пронајдени    амфетамин  и   марихуана.   Потоа,  во   периодот  од   15.45  до   16.45 часот, врз основа на  судска наредба, бил извршен и претрес во домот на Д.Б.,при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана, таблети, кеса со прашкаста материја, дигитална вага, поголема количина зипер кеси за пакување  и денари во различни апоени, појасни Додевски.

Вчера, исто така, соопшти Додевски,   во   периодот   од   15.15   до   16.00   часот,   врз   основа   на   судска наредба, бил извршен претрес и во домот на В.П.(30) од Кавадарци, при што биле    пронајдени   и   одземени  марихуана,   бела   грутчеста   материја,   кафеава грутчеста материја, повеќе таблети.

-Поради   сомнение   за   сторено   кривично   дело   по   член   215   од   Кривичниот законик,   Д.Б.   и   В.П.   биле   лишени   од   слобода  и   приведени   во   полициската станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе  биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението испратено од Додевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот