Претрес во САД за нередите на Капитол Хил на 6 јануари: Немавме податоци дека ќе упаднат во Конгресот

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW / POOL

Припадниците на разузнавачките сектори на ФБИ и на Секретаријатот за внатрешна безбедност на САД признаа дека имале информации за упадот на симпатизери на поранешниот претседател Доналд Трамп во Конгресот на 6 јануари.

Асистентката на директорот на ФБИ за разузнавачки работи, Џил Санборн и в.д. потсекретарот во Секретаријатот за внатрешна безбедност, Мелиса Смислова на претресот во Конгресот рекоа дека ниту една служба немала информации за планиран напад, јави „Глас на Америка“.

Санборн истакна оти ФБИ располагало со информации дека симпатизери на Трамп се движат кон Вашингтон и оти е можно да се вооружени, но не и дека ќе упаднат во Конгресот.

– Тие податоци ни недостасуваа, рече Санборн.

Во јавноста се води полемика дали ФБИ и другите служби направиле пропуст и не виделе знаци на предупредување дека на 6 јануари ќе има нереди на Капитол Хил, па затоа и полицијата не можела да реагира адекватно во нивно отсуство.

– Моќеби ќе беше подобро да пратевме некакво предупредување за тероризам, но не направивме такво нешто пред 6 јануари, рече Смислова.

Аналитичарите сметаат дека упадот во Конгресот не е резултат само на пропуст на разузнавачките, туку на сите служби, вклучувајќи ја владата и полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот