Претрес во Ресен, пронајдена дрога, приведено едно лице

Фото Архива

Уапсено лице од Ресен во чиј дом била пронајдена марихуана.

МВР информира дека вчера, во 14.10 часот, од полициски службеници од Полициската станица Ресен бил лишен од слобода ресенчанецот Н.Ќ.(27).

-При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага, соопштуваат од МВР.

Лицето е приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот