Претрес во Куманово, пронајдени амфетмин и марихуана, приведени дилер и купувач

Куманово / фото Архива

Денеска во 08.00 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Т. и С.Р. од Куманово.

При претрес извршен со судска наредба во домот на С.Т. биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, пиштол „Екол” без дозвола, како и поголем износ на пари во различни валути, а на лице место е затекнат С.Р. при купопродажба на амфетамин.

Лицата се приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот