Претрес во кичевско, приведен дилер

Полиција / Фото: МИА

Денеска во 00.35 часот од полициски службеници од ОВР Кичево бил лишен од слобода Д.А. (38) од с.Гарани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, во текот на вечерта 28/29.7.2021, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, извршен е претрес во дом и други простории кај Д.А. во с. Гарани. При претресот се пронајдени и одземени стебла од канабис сатива, марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, ловен патрон, ќеса со кафеава грутчеста материја.

Д.А. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот