Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога и приведени две лица

Полиција/ Фото МВР

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија вчера во 15:45 часот во Гевгелија ги лишиле од слобода К. П. (42) од Гевгелија и М.У. (42) од село Богородица.

-При претрес на домот на К.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени растителна и прашкаста материја, како и дигитална вага, додека М.У. бил затекнат заедно со К.П. при купопродажба на дрога, информираат од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот