Претрес во фирмите на Усеини – Слободен печат
ВестиМакедонија

Претрес во фирмите на Усеини

Полиција врши проверка во фирма сопственост на охридскиот советник Нефи Усеини, дознава Телма.

Според сознанијата на Телма, се вршат проверки во базата за бетон, која е сопственост на Усеини, а се наоѓа во близина на болницата Свети Еразмо. Овие проверки биле дел од претходно отворена постапка за фирмата. Акцијата ја воделе инспектори за економски криминал од СВР Охрид.

Нефи Усеини е советник во општина Охрид кој стана познат откако изгради тераса која беше прогласена за дивоградба и беше наложено уривање, но таа одлука на локалните власти не беше реализирана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close