8 C
Скопје

Претпладнево состанок на Комисијата на епидемиолози: Грција веројатно пред нови рестрикции

Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција, претпладнево одржува состанок на кој ќе се разгледа епидемиолошката слика во земјата, а сѐ поверојатно е дека Грција се наоѓа пред нови рестрикции што би важеле до средината на март, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролката на грчката Влада, Аристотелија Пелони во интервјуто за телевизијата „Скај” утрово рече дека ги очекуваат препораките од епидемиолозите во однос на забраната за движење на граѓаните, а ја остави отворена можноста да има измени во опцијата за физичка активност.

За време на карантинот, за граѓаните во Грција задолжително е испраќање смс порака за движење со шест конкретни опции, а она што го спомена Пелони е измени за кодот шест, односно физичката активност да важи само за движење пеш, а не и за со автомобил.

Прочитајте и...  ВИДЕО I Повторно пукање во Америка: Тројца ранети во супермаркет, напаѓачот избегал со автобус

Опцијата под број шест, голем број граѓани ја користеа за прошетки со автомобил, како до плажите, така и до планините во рамките на регионот во кој што живеат, со оглед на тоа дека е забрането движење меѓу региони.

Пелони повтори дека и понатаму приоритет на Владата е да се отворат малопродажбата и училиштата.

Грција од 7 ноември лани е во карантин и со воведен полициски час, додека пак областа Атика, поширокиот регион на Атина е во строг карантин веќе 20 дена, меѓутоа се чини дека мерките и „локдаунот” се само теоретски, бидејќи е зголемена раздвиженоста на граѓаните, а вчерашниот број нови случаи (2.353) е на ниво на 21 ноември минатата година.

Прочитајте и...  Силен земјотрес во западна Индонезија

Особена загриженост предизвикува ситуацијата во Атика, каде што и покрај рестрикциите и продолжениот полициски час за викендите (од 18 наместо од 21 часот), секојдневно, половина од новозаразените се токму во поширокиот регион на Атина, а речиси се исполнети какапцитетите на ковид креветите во болниците.

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, на редовната прес конференција за пандемијата, попладнево ќе го презентира владиниот план за дополнително зајакнување на здравствениот систем, а веројатно е дека тогаш ќе бидат соопштени и новите мерки.

Поврзани вести

ВИДЕО I Русија ја активира северната флота: Целта е да се заземат стратешките точки на Арктикот по секоја цена

Слободен печат

Повторно се тресеше Хрватска: Земјотрес е забележан и во Словенија

Слободен печат

ВИДЕО I Заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд: Војска и хеликоптери низ улиците на САД, Дерек Шовин е виновен

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 12-годишно девојче oд Велес, брутално нападнато од својата врсничка додека останатите гледаат и снимаат со телефон

Слободен печат

Кинеската вакцина е 93 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација: Не е забележам ниту еден смртен случај

Слободен печат

Вработен во казино играл со пари што ги извадил од апарати, „се покрил“ со 5.000 службени евра

Слободен печат

Остави Коментар