Претпладне снег, а потоа разведрување

Претпладнето се уште ќе има повремени врнежи од снег во источните делови, a потоа времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 2, а дневната од  2 до 10 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до минус 1, а дневната ќе достигне до 7 степени.

До сабота утринските температури во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под нула, и се очекува на места да се задржи снежната покривка. За време на викендот ќе има локален дожд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот