Претпазливо со овој здрав зеленчук: Спанаќот може да биде опасен ако гo консумирате во големи количини

спанаќ
Фото: Unsplash

Не треба да се напоменува дека спанаќот и блитвата се вистински бомби од хранливи материи, а содржат и големи количини оксалат, природни состојки кои имаат улога на пробиотици и ги хранат добрите бактерии кои се наоѓаат во цревата.

Меѓутоа, ако сте склони на камен во бубрег, консумирањето на храна која е богата со оксалати, може само да ја влоши вашата состојба, судејќи по тоа дека на бубрезите ќе им биде тешко да ги исфилтрираат овие состојки.

Суров или приготвен спанаќ – што е подобро за вашето здравје?

Во овој случај, најдобро би било да ги избегнувате намирниците богати со оксалати, или да консумирате алтернативи, како што се зелката и карфиолот.

Сигурно веќе знаете дека постојат одредени намирници односно јадења кои не смеат да се подгрејуваат. На тој список спаѓаат спанаќот, блитвата, цвеклото и целерот.

спанаќ

Спанаќот природно содржи многу нитрат, кој, кога се загрева на високи температури, се претвора во отровен нитрит. Затоа, и нашите баби нѐ советувале дека спанаќот е едно од оние јадења коешто најдобро е да се изеде веднаш по приготвувањето, а ако ви преостане нешто, најдобро е да го фрлите.

Слично е и со другите сорти зеленчук кои содржат нитрати – како што се цвекло, целер или блитва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот