Претежно облачно и посвежо, со локален пороен дожд и грмежи

Пороен дожд /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, а на места нестабилно со пообилен пороен дожд, локално и над 20 литри на квадратен метар и со појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови до четврток ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а дневните температури значително ќе опаднат. В петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето, а температурите ќе бидат во благ пораст.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот