Претеравте со пилинг на кожата? Еве што може да направите потоа

Многу жени обожаваат да користат пилинг на лицето и во делот на вратот и деколтето бидејќи дава чувство на мазност, но и на беспрекорна чистина.

Затоа и е лесно да се претера со неговата употреба, без разлика дали се работи за механички или хемиски пилинг.

Козметичарите предупредуваат дека површинскиот слој има и заштитна улога, па ако премногу триете или ако пречесто правите пилинг, го оштетувате и тој слој. Поради тоа кожата е црвена, исушена и иритирана. Дополнително ситуацијата ја влошуваат и одредени тоници и серуми кои се богати со витамин Ц и ретинол.

Ако се случи оштетување на кожата поради претеран пилинг, треба една недела да одморите од козметичките производи кои довеле до тоа, а наместо нив, да користите производи врз база на масла и вода.

Употребувајте средства за интензивна нега на чувствителна кожа уште две недели, пред да се вратите на редовната нега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот