Претерале со филерите и станале предмет на исмејување

Instagram

На социјалните мрежи кружат фотографии на девојки и жени кои претерале со филерите во усните до таа мера што им се изобличиле лицата и сега ги споредуваат со „евтини порно глимици“.

Естетската корекција на многу жени им ја подигнува самодовербата, се чувствуваат посексипилни и поженствени. Но не треба да се претерува.

Проблемот при претерување со филерите е во тоа што може да дојде до проблеми, како на пример претекување на филерите, воспаленија, крварење, деформација на усните, особено кога се работи за силиконски уметоци.

Добрата вест е што постојат привремени филери, како што е хијалуронската киселина која природно се разградува во телото, па ако некој претера, за четири до 12 месеци сè ќе се врати на старите димензии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот