Претепана руска новинарка која пишувала за киднапирањата на чеченските хомосексуалци

Милашина за Би-Би-Си рекла дека тоа било координиран напад, каде млади жени ги нападнале, а мажите стоеле во близина и им кажувале што да прават.

Познатата руска новинарка Елена Милашина била претепана од група на луѓе во хотел во главниот град на Чеченија, Грозни.

Милашина која пишувала за киднапирања и мачење на чеченските хомосексуалци, била во Грозни со адвокатката Марина Дубровина на судење на локален блогер, кога пред хотелот Континент биле пречекани и нападнати од група на мажи и жени.

Во изјава за полицијата, која Милашина ја објавила на Фејсбук, новинарката рекла дека нападот сигурно е поврзан со нејзината професионална работа, бидејќи и пред инцидентот и се заканувале чеченските власти, дури и самиот претседател на Чеченија, Рамзан Кадиров.

Милашина за Би-Би-Си рекла дека тоа било координиран напад, каде млади жени ги нападнале, а мажите стоеле во близина и им кажувале што да прават.

– Почнаа да не удираат. Ме зграпчија мене и Марина за вратот и не фрлија на земја. Ми ја удираа главата од подот, па сега имам модрици и повреди. Потоа силно ме удрија во стомакот и ме влечеа за косата“, го опишала Милашина инцидентот.

Истрагата е сè уште во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот