Претепан таксист со дрвени предмети, напаѓачот приведен

такси

Дваесет и три годишен таксист вчеравечер бил нападнат од татко на патник кога го оставил пред неговата куќа. Возачот и патникот почнале расправија околу кусурот и тоа што од страна не била оставена отворена вратата при излегувањето на клиентот.  Потоа таткото на патникот го удрил таксисот со дрвен предмети.

– Вчера во 22 часот и 40 минути, А.Ф.(23) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека околу 21 часот и 30 минути на улица „113″ во Тетово, до каде со такси-возило превезувал патник, физички бил нападнат од патникот и уште едно лице, кое во нападот употребило и дрвен предмет. Двајцата напаѓачи за кусо време се идентификувани и лишени од слобода. Станува збор за О.А.(61) и С.А.(42) од Тетово.Едниот од нив, О.А. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок, информираат денеска од СВР Тетово.

Пријава за обид за физички напад во полициската станица вчера навечер имало од 66 годишник кој го пријавил неговиот 35-годишен син поради заканите дека ќе му ги запали куќата и возилото, при што се обидел и физички да го нападне. Пријавениот син лишен е од слобода и задржан во полициската станица. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот