Претепан лекар од Тетово!

Триесет и две годишен жител на тетовското село Боговиње нападнал лекар кој од повредите завршил во болница во Скопје, информира МВР.

Инцидентот го пријавил самиот лекар вчера околу 8 часот во СВР Тетово. Според пријавата на четириесет и седумгодишниот лекар, тој бил физички нападнат на Психијатриското одделение во тетовската клиничка болница.

-На 05.07.2020 во 08.25 часот во СВР Тетово, 47-годишен лекар од тетовската клиничка болница пријавил дека на Психијатриското одделение бил физички нападнат од К.И.(32) од тетовско Боговиње- наведува МВР во дневниот билтен.

Полицијата го расчистува инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот