Не е несреќен случај, туку обид за УБИСТВО? ПРЕСВРТ во случајот со руската убавица која ПАДНА од 33 метри

Instagram

Инстаграм моделот Екатерина Катја Бобкова изнела сериозни обвиненија за тоа дека некој се обидел да ја убие пред неколку месеци.

Русинката тврди дека била дрогирана и удрена, а потоа фрлена од тераса на височина од 33 метри во едно планинскот одморалиште во близина на Прага. По падот била во кома и водела тешка битка за својот живот.

Instagram

Чешката полиција соопштила дека падот бил несреќен случај, но руските доктори ги поддржале изјавите на Катја дека всушност сè било испланирано.

Бобкова била еден од клучните сведоци во случајот што се водеше против фудбалерите Павел Мамајев и Александат Кокорин. Играчите беа во затвор 17, односно 18 месеци поради напад на политичар во Москва во пијана состојба.

Instagram

Екатерина била со фудбалерите, во моментот кога тие прво го демолирале автомобилот на новинарката Олга Ушакова и го претепале возачот, за потоа во едно кафуле да му се нафрлат на рускиот политичар Денис Пак и на неговиот пријател Сергеј Гаисин, директор на Државниот истражувачки центар.

Бобкова на патување во Чешка отишла со мала група пријатели во кои се нашол и поранешен руски сенатор и бизнисмен.

На патувањето била поканета од страна на пријателката татјана Атемасова, која токму тогаш ненадејно го обновила контактот со неа по две години тишина.

Во врска со кобната ноќ, рекла дека испила повеќе од две чаши вино, по што станала поспана и дека не се сеќава на ништо. Тврди дека ѝ е дадена одредена супстанција за да се чувствува зашеметено, пред да падне на глава и да изгуби свест.

Instagram

„Докторите мислат дека прво сум паднала на глава, а потоа сум била буквално фрлена. Веќе сум била онесвестена кога сум паднала“, објаснила.

Претходно регионалната полиција спровела истрага, но заклуокот бил дека е несреќен случај.

„Жената имаше алкохол и неидентификувана материја во крвта во моментот кога паднала“, соопштиле лекарите.

Инцидентот досега се водел како несреќен случај, но исказот на Бобкова пред судот менува сè.

Instagram

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот