Пресврт во Јувентус, нов договор за Алегри

EPA-EFE/ANDREA DI MARCO

Сапуницата во Јувентус со тренерот Масимилијано Алегри, е завршена според весникот „Ла стампа“. Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели доцна синоќа имал состанок со тренерот Масимилијано Алегри на кој му понудил да потпише нов договор до 2021 година.

Според „Ла стампа“, Ањели одлучи да го задржи Алегри на клупата бидејќи, двете големи желби, Зинедин Зидан и Пеп Гвардиола немаат намера да си заминат од Реал Мадрид, односно Манчестер сити. Сопственикот на Јувентус, не сакаше да го врати Антонио Конте на клупата и тој ќе биде нов тренер на Интер.

Доколку Алегри остане на клупата на Јувентус, ќе значи и заминување на неколку фудбалери, Пауло Дибала, Жоао Кансело, Даглас Коста, Марио Манџукиќ и Миралем Пјаниќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот