Пресврт: Шуаи Пенг демантира дека била силувана од кинески вицепремиер

Пенг Шуаи / фото: EPA-EFE/LYNN BO BO

Кинеската тенисерка, Шуаи Пенг во интервју за сингапурски весник демантира дека го обвинила кинескиот вицепремиер Жанг Гаоли за сексуално вознемирување.

Пенг пред неколку недели на социјалните мрежи напиша дека поранешниот кинески вицепремиер ја присилил на сексуален однос. Потоа, тенисерката исчезна од јавниот живот и речиси никој не знаеше каде се наоѓа, ниту пак тениските организации можеа да стапат во контакт со неа.

Тениската и спортската јавност изразија загриженост за состојбата на Пенг, а ВТА дури ги суспендираше сите турнири во Кина. Оттогаш, во неколку државни медиуми беа објавени неколку видеа и снимки од Пенг, а денеска и самата тенисерка се огласи во јавноста.

– Никогаш не сум кажала ниту сум напишала дека некој сексуално ме вознемирувал. Тоа морам јасно да го истакнам – изјави Пенг.

Тенисерката исто така вели дека не се наоѓа под „надзор“ во изминаиот период и дека си чувствува слободно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот