ПРЕСВРТ: Пол Погба останува во Јунајтед?!

twitter.com/MirrorFootball

Неочекувани информации од Англија околу иднината на францускиот репрезентативец.

Пол Погба денеска е главна спортска вест во Англија, по серијата одлични резултати на Манчестер јунајтед во последно време, тој се премисли и ќе остане во Англија, јавуваат медиумите од островот.

Според нив, доаѓањето на Бруно Фернандеш во јануари ги промени работите во Јунајтед, екипата нема пораз во последните 10 натпревари и притоа успеа два пати да го победи градскиот ривал Манчестер сити, Челси, Евертон. Погба во Португалецот гледа идеален партнер во средниот ред и поради тоа е подготвен да седне на маса со челниците на екипата и да преговара за продолжување на договорот.

Медиумите шпекулираат дека Погба е приморан на ваков потег бидејќи повеќе нема заинтересирани екипи за него. Реал Мадрид и неговиот претседател Флорентино Перез не го сакаат францускиот репрезентативец, додека тешко е да се поверува дека Јувентус на лето ќе се обиде да го донесе Погба.

Причината е епидемијата на коронавирусот кој на „старата дама“ ќе и однесе најмалку 50 милиони евра заработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот