Пресврт на Франција за триумф над „коцкестите“
Ракометната репрезентација на Франција со 30:26 ја совлада Хрватска на стартот од олимпискиот квалификациски турнир кој се игра во Монпелје.
Првото полувреме им припадна на „коцкестите“ кои го добија со 12:15, но во вториот дел, Французите успеаја да направат пресврт и да слават со 30:26 и речиси си обезбедија пласман на ракометниот турнир на Олимписките игри во Токио.
Најпрецизни во редовите на Франција беа Мае и Мем со по пет постигнати голови, додека кај Хрватска, вардарецот Иван Чупиќ даде 10 гола.
Во првиот натпревар на турнирот во Монпелје, Португалија со 34:27 го совлада Тунис.
Во останатите натпревари на преостанатите турнири, Германија и Франција одиграа без победник 25:25, додека најубедливата победа ја оствари Норвешка која со 32:20 го совлада Бразил.
Резултати:
Група 1
Норвешка – Бразил 32:20
Јужна Кореја – Чиле 36:35
Група 2
Португалија – Тунис 34:27
Франција – Хрватска 30:26
Група 3
Словенија – Алжир 36:28
Шведска – Германија 25:25