ПРЕСВРТ: Меси нема намера да го вади Роналдињо од затвор

Поранешниот бразилски репрезентативец и член на Барселона, Роналдињо, моментно се наоѓа во затвор во Асуснсион, Парагвај, поради обид да влезе во земјата со фалсификувани документи.

Роналдињо и неговиот брат чекаат дозовла да се бранат од слобода, а дотогаш времето го поминуваат со затворениците во затворот со Асунсион. Роналдињо е главна атракција во затворот, игра фудбал со затворениците кои постојано бараат автограми од него.

Пред неколку дена се појави информација дека ѕвездата на Барслеона, Лионел Меси, ќе стори се за да го извлече Роналдињо од затвор и дека е подготвен да депонира четири милиони евра кауција.

Сепак, денеска шпанските медиуми пренесуваат дека Меси нема намера да интервенира и дека досега не презел ниту еден чекор за да го извади Роналдињо до затвор. Напротив, според каталонскиот весник „Спорт“, на Меси му се сметаат таквите написи.

„Меси е тажен поради ситуацијата во која се наоѓа Роналдињо, но во овој момент не презел никакви чекори за да го извлече од затвор. Не ги ангажирал своите адвокати да работат на случајот, а исто така не планира да плати четири милиони евра кауција“, објави Спорт.

Роналдињо се соочува со затворска казна и до три години поради користење на лажен пасош.
Лионел Меси и Роналдињо беа сограчи во Барселона од 2003 до 2008 година, а Аргентинецот го смета Роналдињо за свој фудбалски идол и ментор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот