Пресврт: Мбапе ќе потпише нов договор, среќни и ПСЖ и Реал Мадрид

Килијан Мбапе пред завршна одлука, летово во Реал Мадрид или не/Фото: EPA-EFE/Julien de Rosa

Килијан Мбапе размислува да ја прифати богата понуда од сопствениците на ПСЖ и да потпише нов двегодишен договор, а од сево ова би профитирал и Реал Мадрид, пишува шпанскиот весник „Ас“.

Според ведникот, поради пандемијата и финансиската криза која им се заканува на сите клубови во наредните година дена, Мбапе е подготвен да потпише нов договор со ПСЖ за што ќе добие неверојатни 74 милиони евра за две сезони.

Одличниот напаѓач ќе го стори тоа само под еден услов, доколку биде вметната и посебна клаузула која ќе му овозможи да замине во Реал Мадрид за сума која ќе ја договорат трите страни.

Наводно суматае разумна и нема да биде како таа која ПСЖ ја плати при ангажманот на Нејмар од Барселона, 222 милиони евра.

Оваа идеја им одговара и на францускиот шампион но и на Реал Мадрид кој не планира летово да троши премногу пари за полесно да ги претрпи последиците предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, не би имал никаков проблем наредното лето да издвои околу пари за конечно да ја оствари желбата и да го донесе Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, а според „Ас“ токму тој инсистирал францускиот напаѓач да побара да се вметна клаузулата во новиот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот