Пресврт: Чави пристигна во Барселона, ќе разговара и со Лапорта

Чави Ернандез неделава и официјално треба да биде промовиран како нов тренер на Барселона/ фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Иако пред неколку дена објави дека потпишал нов договор со катарскиот Ал Сад, Чави Ернандез, се уште се споменува како најсериозен кандидат за наследник на тренерот на Барселона, Роналд Куман кој си оди по крајот на сезоната.
Дополнително масло во огнот долеаја двата каталонски весници „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ кои објавија дека Чави пристигнал во Барселона,  и тоа на одмор, но сигурно ќе има средба со претседателот Жоан Лапорта.
– Навистина не знам ништо, дојдов во Барселона на одмор. Не знам ништо – изјави Чави по пристигнувањето во Барселона.

Весниците тврдат дека Чави сигурно ќе има средба со Лапорта со кого е во добри односи. Имено Чави беше капитен на Барселона кога доминираше во европскиот и светски фудбалер, а на чело на клубот беше токму Лапорта.
Според весникот „Спорт“, поранешниот капитен на Барселона би требало да го наследи Куман на клупата иако неодамна потпиша нов договор со Ал Сад. Според весникот, во договорот наводно има клаузула со која на Чави му дозволува да си замине од Ал Сад само доколку добие понуда од Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот