Пресушуваат Викториините водопади, на југот на Африка суша каква што не се памети

Водопадите Викторија кои се познати по својата убавина која привлекува милиони туристи, буквално се сушат како резултат на најтешката суша што го зафаќа југот на Африка во последните сто години, пишува „Гардијан“.

Иако вообичаено нивото на водата се намалува во текот на сушната сезона, сепак годинава се случи неочекуван пад на нивото на водата. Се стравува дека климатските промени може трајно да ги уништат водопадите кои се наоѓаат на границата на Зимбабве и Замбија.

Водопадите во јануари 2019 наспроти декември 2019 / Фото: Reuters

„Во претходните години се намалуваше нивото на водата, но тоа се нема случено до овој степен“, вели Доминик Ниамбе, продавач на сувенири. Тој објаснува и дека бројот на туристи се намалува поради намалувањето на нивото на водата.

Голем проблем е што целата област е зафатена од сушата и многу луѓе остануваат без храна. Се проценува дека околу 45 милиони луѓе имаат потреба од помош.

Разликата е алармантна / Фото: Reuters

Уште една грижа создава фактот што Замбија и Зимбабве имале пречести рестрикции на струја – тие се премногу зависни од хидроцентралите на браната Кариба, која се наоѓа на реката Замбези над водопадите Викторија.

Фото: Reuters

Во другите делови на водотекот, има многу малку вода

Официјалните податоците покажуват дека нивото на водата во реката Замбези е под она од 1995 година, што досега се сметаше за најниско. Претседателот на Замбија, Едгар Лунгу рече дека ова е последица на климатските промени.

Водопадите на Викторија се едни од најголемите и најспектакуларните во светот. Водопадот е генерално широк 1,5 км, со пад од 128 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот