Пресушуваат Викториините водопади, на југот на Африка суша каква што не се памети

Водопадите Викторија кои се познати по својата убавина која привлекува милиони туристи, буквално се сушат како резултат на најтешката суша што го зафаќа југот на Африка во последните сто години, пишува „Гардијан“.

Иако вообичаено нивото на водата се намалува во текот на сушната сезона, сепак годинава се случи неочекуван пад на нивото на водата. Се стравува дека климатските промени може трајно да ги уништат водопадите кои се наоѓаат на границата на Зимбабве и Замбија.

Водопадите во јануари 2019 наспроти декември 2019 / Фото: Reuters

„Во претходните години се намалуваше нивото на водата, но тоа се нема случено до овој степен“, вели Доминик Ниамбе, продавач на сувенири. Тој објаснува и дека бројот на туристи се намалува поради намалувањето на нивото на водата.

Прочитајте и...  Во складиштето во Бејрут имало и огномет: Се смета дека тоа било клучен фактор за експлозијата

Голем проблем е што целата област е зафатена од сушата и многу луѓе остануваат без храна. Се проценува дека околу 45 милиони луѓе имаат потреба од помош.

Разликата е алармантна / Фото: Reuters

Уште една грижа создава фактот што Замбија и Зимбабве имале пречести рестрикции на струја – тие се премногу зависни од хидроцентралите на браната Кариба, која се наоѓа на реката Замбези над водопадите Викторија.

Фото: Reuters

Во другите делови на водотекот, има многу малку вода

Официјалните податоците покажуват дека нивото на водата во реката Замбези е под она од 1995 година, што досега се сметаше за најниско. Претседателот на Замбија, Едгар Лунгу рече дека ова е последица на климатските промени.

Водопадите на Викторија се едни од најголемите и најспектакуларните во светот. Водопадот е генерално широк 1,5 км, со пад од 128 метри.

Прочитајте и...  Количеството на врнежи во првите 10 дена во август над декадните вредности

Прочитај повеќе

ДУИ предложи дневен ред за утрешната средба со челниците од албанскиот политички блок

МИА Агенција

Мурати: Одговорите се во Уставот и Деловникот на Собранието

МИА Агенција

Заев утре ќе го добие мандатот од Пендаровски

МИА Агенција

Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Крива Паланка

МИА Агенција

Фејсбук отстрани повеќе од седум милиони објави со лажни информации за коронавирусот

Слободен печат

Автобуските превозници задоволни од измената на протоколот за исполнетост на капацитетите на возилата

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Полска ја продолжува забраната за летови до балканските дестинации и Скопје

Слободен печат

И Јанушев се откажа од патните трошоци

МИА Агенција

Ученик во Берлин позитивен на коронавирусот, цело одделение во изолација

Слободен печат

Од сабота четврта фаза на прскање против комарци во Скопје

МИА Агенција

Дете од Сараево заразено со коронавирус, се обидело да се убие пиејќи киселина

Слободен печат

Над 50 лица се повредени во синоќешните протести во Белорусија

Слободен печат