ПРЕСУДИ ЗА КАТАЛОНСКИТЕ ЛИДЕРИ: До 13 години затвор за луѓето кои бараа независност од Шпанија

Каталонските сепаристи кои се бореа за независност од Шпанија во 2017 година добија казни до 13 години затвор од Врховниот суд во Мадрид. Според „Блумберг“, оваа одлука која е без преседан дополнително ќе ги влоши односите во веќе нестабилниот регион.

Поранешниот каталонски вицепремиер, Ориол Хункерас ја доби највисоката казна, додека осум други активисти заработија затворски казни во период меѓу девет и дванаесет години за нивното учество во референдумот, кој според шпанските власти, беше нелегален.

„Одлуката за отцепување на Каталонија и самиот референдум предизвикаа немири кои ја потресоа Шпанија во 2017 година“, стои во изјавата на судот во Мадрид.

Карлес Пуџдемон, лидерот на регионот кој беше лицето на движењето за независност на Каталонија, останува во егзил во Брисел, откако ја напушти Шпанија пред две години.

Во Барселона, главниот град на Каталонија, групи на демонстранти одржаа мирни протести на главната железничка станица, пред да бидат отстранети од полицијата. За денес се очекуваат нови демонстрации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот