Пресуди за четворица кумановци за непочитување на здравствените препораки

Основниот суд во Куманово донесе четири пресуди против четворица кумановци кои не постапувале согласно здравствени прописи за време на епидемија. Двајца од нив се казнети со по 123 илјади денари, а другите двајца со казни по 184.500 илјади денари.

По влез во државава враќајќи се од високоризична земја потпишал изјава дека ќе остане во задолжителна изолација но не си достојал на зборот. Жител на Куманово сега се соочува со пресуда за парична казна изречена за непочитување на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот во земјава.

Службени лица од СВР Куманово по проверка во неговиот дом на 20 март востановиле дека тој не се придржува до мерката самоизолација со што на ризик го изложил здравјето на жителите на оваа населена област.

Друго лице во исти околности постапило спротивно на Одлуката на Владата и на 18 март било востановено дека не е во својот дом. Потоа било затекнато во својот угостителски објект како служи гостин.

Останатите две лица не ја почитувале забраната за движење во ноќните часови.

Основниот суд во Куманово донесе четири пресуди против четворица кумановци кои не постапувале согласно здравствени прописи за време на епидемија. Двајца од нив се казнети со по 123 илјади денари, а другите двајца со казни по 184.500 илјади денари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот