Пресуда за соработниците на Милошевиќ: Станишиќ и Симатовиќ се осудени на 12 години затвор

Бившиот шеф на Службата на државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ и поранешниот командант на српската Единица за специјални операции, Франко Симатовиќ се осудени на 12 години затвор, пренесе Блиц.рс.

На денешната пресуда право на жалба имаат и двете страни.

На Симатовиќ и Станишиќ во казната ќе им се пресмета и времето кое го поминале во притвор чекајќи пресуда, како и времето кое го поминале во притвор за време на првото судење.

Двајцата се прогласени за виновни по сите пет точки од обвинението како помагачи, но не и учесници на заедничкото злосторничко дело, предводено од Слободан Милошевиќ. Тие се обвинети за прогон, убиства, присилно преместување и депортација на Хрвати и Бошњаци од Хрватска и БиХ од 1991 до 1995 година, а во една точка и за кршење на законите или обичаите на војување.

Хашкиот трибунал ги ослободи Станишиќ и Симатовиќ во 2013 година, по првото судење. Обвинителите потоа поднесоа жалба, а во декември 2015 година, Апелациониот совет на Трибуналот ја поништи првостепената пресуда и нареди повторно судење.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот