Пресуда на Вишиот суд во Белград: Осум месеци затвор за внукот на Јосип Броз Тито

Едвард Броз, внук на поранешниот доживотен претседател на Југославија, Јосип Броз Тито е осуден на осум месеци затвор за сообрачајна несреќа од 1992 година во Земун во која загина неговиот пријател Г.П. Пресудата ја донесе Вишиот суд во Белград и изречена е во негово отсуство, бидејќи е во бегство од 2008 година и наводно живее во Загреб.

Тој е осуден за кривично дело „тешко дело против безбедноста во јавниот сообраќај“, е речено во Вишиот суд во Белград, пренесува агенцијата „Танјуг“. Седницата на Апелацискиот суд по жалвите на првостепената пресуда е закажана за четврток, 11 март.

Едвард Броз веднаш по несреќата пребегал во Хрватска, но 16 години подоцна, во 2008 година, беше уапсен на граничниот премин Батровци при обид за влез во Србија. По три дена во притвор, беше пуштен да се брани од слобода, меѓутоа му беше одземен пасошот и му беше наложено секои 15 дена да се јавува во полиција.

Кон крајот на март во 2008 година, тој се појави на судење во Вишиот суд во Белград, приш то изнесе одбрана и каење за смртта на пријателот, но повторно побегна. Поточно, не се појави на закажаните рочишта во мај, во јуни и во септември во 2008 година, па судот во октомври истата година распиша меѓународна потерница.

Предметот во Вишиот суд во Белград беше во прекин, но на почетокот на минатата година почна судењето во негово отсуство што е завршено со споменатата пресуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот