Пресуда на 26 февруари: По речиси 9 часа заврши рочиштето за „Таргет – Тврдина”

Од рочиштата за „Таргет-Тврдина“/Фото: МИА

По речиси 9 часа, заврши рочиштето за завршните зборови на одбраната во случајот „Таргет-Тврдина”, пресудата е закажана за 26 февруари.

Судењето по овој предметот започна на 22 декември 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби, а 1.541 број и по завршување на траењето на важноста на судските наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Обвинителството, во завршниот збор на минатото рочиште, посочи дека и покрај сите пречки со кои се соочувале во истрагата, успеале да докажат дека обвинетите ги извршиле делата за кои се товарат и побара максимални затворски казни.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот