ПРЕСТРЕЛКА СО ПОЛИЦИЈАТА: Маж тргнал да набави кокаин, па ПУКАЛ низ целиот град (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Даниел Ханам (32) од Велика Британија е обвинет за провала во продавница, обид за киднапирање и обид за убиство на два полицајци во јануари оваа година.

Тој тогаш во градот Кесл Кери во јужна Англија тргнал да набави кокаин, но средбата со дилерот не поминала најдобро, па работите излегле од контрола. Потоа тој заминал во продавница по алкохол и цигари, каде од пушка испукал два куршуми во вратата.

Тој потоа влегол во автомобилот на еден маж и во него ја вперил пушката. Настанала борба при која Ханам испукал неколку куршуми во воздух. Потоа тој побегнал и се криел во куќата на својата девојка, пренесува Вечерњи.хр.

Нападнатиот маж веднаш повикал полиција која ја опколила куќата на девојката на Ханам. Полицајците го предупредиле побеснетиот маж да се предаде, но тој почнал да пука од прозорот од собата на горниот кат.

Камерата која ја носел еден полицаец го снимила моментот кога Ханам пукал по полицајците, по што тие возвратиле оган. Тој се предал дури кога останал без муниција, а снимката оваа недела беше прикажана на суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот