По долгогодишни обиди за потомство, неколку неуспешни обиди, конечно среќата им се насмевнала. Долго време биле во потрага по доктор кој ќе го реши нивниот проблем, сè додека на интернет не прочитале препораки за една приватна болница во Скопје.

Пред околу 1,5 година оствариле комуникација со докторот, а на 29 октомври годинава ги добија близначињата.

– Пребарувајќи низ интернет прочитавме многу позитивни искуства што семејствата ги имале со Лазаревски. Решивме да ја пробаме среќата и со овој доктор. Скромен човек, кој не зборува многу, но работи со дела, ете таков е нашиот Лазаревски. Првпат се запознавме во јуни 2018 година, а сега во рацете ги држиме Стефан и Стефанија, вели 53-годишната Ристана.