Преспаленд: Илинденска прошетка со Илина Арсова овој викенд

Instagram
Илина Арсова. / Фото: Instagram

Во склоп на Преспаленд, утре ќе се одржи Илинденска прошетка од село Стење до село Коњско. Прошетката е во чест на 12-те комитски чети кои со над 2000 востаници делувале на овој терен. По изодениот пат на хероите, почнувајќи од Стење до Коњско и назад, ќе планинарат млади и возрасни, предводени од нашата позната алпинистка, ликовна уметница и активистка – Илина Арсова.

Фото: Промо

„Целиот тој простор изобилува со богата флора и фауна, а периодов најмногу со корморани и пеликани. Тука расте и редок вид на зимзелени дрва- фоја. Селото Коњско е карактеристично по својата местоположба и е близу до островот Голем град и од некогаш изолирано село со девет куќи, денес овде има над педесет“- сподели со нас интересни факти за прошетката Илина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот