Пресметката меѓу талибанците и „Исламската држава“ продолжува- 3 загинати 15 повредени

Авганистанци / Фото: ЕПА

Најмалку 3 лица загинаа а 15 лица се повредени во експлозија во џамија во областа Спин Гар во провинцијата Нангархар во источниот дел на Авганистан,

Западните агенции јавуваат дека меќу загинатите бил и локалниот имам на џамијата

Експлозивот наводно бил поставен во џамијата, а експлозијата се случила во време кога во неа се наоѓале голем број на муслимански верници.

Во претходниот напад врз истата џамија, одговорноста ја презела „Исламската држава“

Терористите на ИСИС извршуваа речиси секојдневни напади врз талибанските борци во таа провинција, а експлозиите се поретки, бидејќи мнозинството од населението во регионот се сунитски муслимани.

Станува збор за група милитанти познати по нападите врз џамии кои припаѓаат на шиитското малцинство, и кои изведуваат напади врз џамии на сунитите во кои загинаа стотици луѓе.

Откако дојдоа на власт во средината на август, талибанците се судрија со терористите на ИСИС кои се стационирани во неколку региони во Авганистан .

Талибанската власт вети дека ќе ја искорени заканата наречена „Исламска држава“.