Пресметка меѓу два картела во затвор во Мексико, најмалку 16 мртви

Мексико Картел EPA-EFE/Ivan Villanueva

Затворска пресметка меѓу членови на два ривалски картели во мексиканскиот пограничен град Хуарез предизвика немири и престрелки во кои загинаа 11 лица, повеќето цивили, соопштија властите во петокот, пренесува Ројтерс.

Лос Чапос, членови на озлогласениот картел Синалоа, порано предводен од Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, и локалната група Лос Мексиклис, по кратка расправија започнале да пукаат во затворот, изјави заменик-министерот за безбедност Рикардо Мехија.

Кратко потоа избувнал тотален хаос, при што двајца биле застрелани до смрт, а четворица биле повредени, рече Мехија, говорејќи заедно со мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на редовната прес-конференција. Уште 16 се повредени во борбите, рече тој.

Официјалните лица не кажаа што го предизвикало судирот.

По немирите, Мексиканците дивееле низ градот, соопштија властите, убивајќи девет цивили. Меѓу нив имало и четворица вработени во една радио станица, соопшти Мехија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот