Пресметајте го сопствениот ризик од инфаркт и дознајте како да го спречите

Срцевиот инфаркт (миокарден инфаркт) најчесто ги погодува лицата со атеросклероза на крвните садови, а таа се развива кај луѓето кои имаат еден или повеќе ризични фактори.

Постојат две основни групи на ризични фактори: фактори на кои не можеме да влијаеме (возраст, пол, генетика), но поголем дел се оние кои со нашето однесување можеме да ги промениме и така значајно да го намалиме сопствениот ризик.

Најважните ризични фактори за срцев удар вклучуваат:

Возраст – повеќе години значи и поголем ризик за срцев удар.

Генетеска склоност – ако еден или повеќе блиски роднини во семејството имале срцев удар, особено на помлада возраст, постои т. н. генетска предиспозиција или склоност за развој на болеста.

Пушење – чадот од цигарите е докажан, силен, независен ризичен фактор за инфаркт, при што пушачите имаат 2-4 пати поголеми шанси за срцев удар, од лица кои никогаш не пушеле.

Машки пол – мажите имаат поголем ризик за инфаркт од жените и заболуваат во порана возраст од жените; со влегувањето на жените во менопауза, таа разлика се изедначува.

Дијабетес – шеќерната болест е толку силен ризичен фактор за инфаркт и болести на крвните садови, така што лицата со дијабетес се лекуваат како веќе да имале некое несакано случување како срцев удар; факт е дека две третини од лицата со дијабетес умираат од болести на срцето и крвните садови поврзани со компликации од шеќерната болест, кои настануваат на крвните садови.

Холестерол – зголемените вредности на вкупниот и т. н. лошиот (ЛДЛ) холестер се во директна врска со ризикот од срцев удар.

Крвен притисок – зголемениот крвен притисок е независен ризичен фактор, кој го зголемува ризикот од срцев удар.

Физичка активност – немањето или мошне малата физичка активност се исто така поврзани со склоноста за инфаркт; редовната умерена физичка активност спречува болести на срцето и крвните садови, бидејќи со вежбањето се контролираат и другите значајни ризични фактори како крвниот притисок, холестеролот и шеќерот во крвта.

Дебелина – зголемената телесна тежина и дебелината (особено зголемениот обем на половината) се ризични фактори за болести на срцето и на крвните садови дури и кај лицата кои немаат други ризични фактори; со губењето на тежината од само 5 килограми може значајно да се намали ризикот од атеросклероза.

Пресметајте го сопствениот ризик од инфаркт

Секое лице може да го пресмета својот ризик за настанување на срцев удар или друга несакана здравствена состојба, кои се последица на атеросклероза во периодот од следните 10 години. Така, на пример, 51-годишен маж, пушач, со систолен крвен притисок од 150 mmHg и вкупен холестерол од 6,3 mmol/l ќе има 10-годишен ризик од срцев удар од седум отсто. Оваа личност не може да го промени полот, возраста или генетската наследност, но ако престане да пуши, ако го регулира крвниот притисок (така што систолната вредност е под 140 mmHg) и холестеролот (така што вкупниот холестерол е под 5 mmol/l), нејзиниот ризик за срцев удар во следните 10 години ќе се намали на само два отсто, што значи 3,5 пати помал ризик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот