Преслатка фотографија на Џорџина со децата: Едвај чекаме да го видиме тато! (ФОТО)

Вереничката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез уште еднаш покажа каков однос има со децата на Кристијано Роналдо кои ги родија сурогат мајки, малечкот Кристијано и близнаците Ева и Матео.

Имено таа објави фотографија на Инстаграм, на која со малечките но и со својата ќеркичка Алана Мартина, која заедно ја има со Роналдо, се на пат кон нивниот татко.

– Едвај чекаме да го видиме тато – напиша Џорџина во описот.

Имено, таа често објавува фотографии со децата на кои може да се види дека таа зазема посебно место во нивниот живот и дека е максимално вклучена во нивното одгледување. Всушност, Џорџина не крие колку им е посветена.

Да потсетиме, пред Џорџина да му ја роди ќерката Алана Мартина во 2017 година, за мајките на децата на Кристијано Роналдо не се знаеше ништо.

Имено, пет месеци пред да ја запознае неа, познатиот фудбалер ги доби близнаците Ева и Матао, а седум години претходно синот Кристијано Роналдо Џуниор.

Како што вели тој првите три деца му ги родиле сурогат мајки, а нивниот идентитет никогаш не е откриен.

View this post on Instagram

?✈️ ¡Buen día con amor!

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот