ПРЕСЛАТКА ЧЕСТИТКА: Меган Маркл му честиташе на Хари со досега НЕВИДЕНА фотографија од Арчи

профимедиа

Војвотката од Сасекс на официјалниот профил на Инстаграм објави колаж од фотографии по повод роденденот на принцот Хари.

Една од фотографиите во колажот е и од Арчи, која досега не била објавена во јавноста.

„Твоите залагања и посветеност секојдневно ме инспирираат. Ти си најдобриот сопруг и прекрасен татко на нашиот син. Те сакаме. Среќен роденден“, стои во описот на фотографијата.

На колажот може да се видат фотки и од детството и младоста на принцот, но најмногу внимание привлече сликата каде Арчи е фотографиран со своите родители на својата крштевка.

Неодамна и Хари го честиташе роденденот на Меган на истиот официјален профил на војводството од Сасекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот